4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПетте најважните работи кои Google ги објави на својата годишна конференција (видео)

Петте најважните работи кои Google ги објави на својата годишна конференција (видео)

konferencija google 335

„Google“ претстави прилично голем број апликации и новитети, од кои некои ќе имаат сериозно влијание врз услугите на компанијата. Тие го направија своето деби за време на годишната конференција „Google I / O 2016“, кој се одржува во седиштето на компанијата во Маунтин Вју, Калифорнија.

Една од најголемите новини е апликацијата за разговор „Allo“. Таа нема да го замени „Hangouts“, а е целосно одделена и е иницирана од нула. Таа ги користи најдобрите работи кои се наметнати од конкурентите „WhatsApp“ и „Snapchat“, така што обрнува поголемо внимание на сликите и емоциите. Вграден е и виртуелен асистент на „Google“. Засега ќе има само еден „чатбот“ додека компанијата не одлучи дека технологијата е доволно развиена за да се овозможи додавање на уште. Се разбира, апликацијата ќе биде бесплатна и ќе биде активирана во текот на летото.

Друга важна новина е платформата за виртуелната реалност „Daydream“. Таа е со фокус кон мобилните уреди и ќе биде изградена врз основа на новата верзија на „Android“. „Daydream“ ќе може да се користи само и единствено од паметните телефони од високата класа, кои дури се уште не се на пазарот. Тие се очекуваат наесен заедно со „Android N“.

Покрај тоа, „Google“ ја претстави и услугата „Google Assistant“. Виртуелниот асистент е одделен од „Google Now“, иако преклопува голем дел од неговите функции. Асистентот сепак може да води и разговори – претежно преку разговор, така што автоматски го следи контекст на темата и ќе обезбедува одговори на прашањата. „Google Assistant“ е вграден во „Allo“, како и во новиот уред „Google Home“.

Предметниот уред ќе пристигне на пазарот малку подоцна во оваа година. Тој ќе биде директен конкурент на „Amazon Echo“. „Google Home“ личи на мал звучник. Располага и со микрофони, а може да одговара на прашања, да свири музика и да се користи како своевидно далечинско за паметна бела техника, осветлување, итн.

Петтата новина е функцијата „Android Instant Apps“. Тоа се нов тип апликации за мобилната платформа кои не треба да се инсталираат за да работат. Корисникот едноставно го притиска линкот на апликацијата и истиот се полни веднаш. Според „Google“ сличен тип апликации може да се многу подобра алтернатива на мобилните верзии на сајтовите, бидејќи се чувствуваат поудобно и даваат подобро корисничко искуство. Покрај тоа „Instant Apps“ можат да се користат и од корисници кои поретко користат одредена услуга или еднаш – на пример апликација на музеј. 

За крај малку статистика. „Google“ објави дека само минатата година биле претставени на пазарот над 600 нови модели на мобилни телефони. За истиот период корисниците инсталирале вкупно 65 милијарди апликации од „Google Play“. Освен тоа има над 100 автомобили и системи за автомобили кои користат „Android Auto“, а оваа година се очекуваат уште толку. Над 12 производители на часовници пак пуштиле модели со „Android Wear“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП