18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo: Два концепти кои најавуваат нови компактни модели (фото)

Volvo: Два концепти кои најавуваат нови компактни модели (фото)

kocvolvo 00

„Volvo“ претстави концептни автомобили со ознаките „40.1“ и „40.2“, кои ќе послужат како основа за продукциските модели од новата серија „40“.

kocvolvo 01

Обновата на семејството модели на „Volvo“, започна со втората генерација на теренецот „XC90“, новата луксузна лимузина „S90“ и караванот „V90“, а продолжува оваа пролет. Очекувано, првиот од двата концепти, „40.1“, e кросовер кој најавува како ќе изгледа новиот сериски „SUV“ – „XC40“.

kocvolvo 02

Другиот концептен автомобил, „Volvo 40.2“, претставува мало изненадување, затоа што станува збор за компактен седан, па Швеѓаните најверојатно во својата гама повторно ќе ја вратат малата лимузина „S40“ која престана да се произведува во 2012-та.

kocvolvo 03

„Volvo 40.1“ и „40.2“ се значајни поради тоа што се првите два автомобили со знакот на шведскиот бренд кои настанале како плод од соработката со кинеската компанија „Geely“, која е сопственик на „Volvo“ oд 2010-та година.

kocvolvo 04

Овие автомобили се поставени на новата модуларна „CMA“ (Compact Modular Architecture) механичка платформа. Покрај „Volvo“, oваа платформа ќе ја користи и кинескиот производител за сопствените модели.

kocvolvo 05

Кога станува збор за надворешноста, двата концепти го следат новиот дизајнерски јазик за автомобилите на „Volvo“, со препознатливи „LED“ дневни светла во форма на буквата „T“ (т.н. „чеканот на Тор“). Седанот позади има карактерситички „C“ стоп светла (веќе видени на лимузината „S90“), додека задните светла кај кросоверот се варијација на стоп светлата кои се наоѓаат кај моделите „XC90“ и „V90“.

kocvolvo 06

„Volvo“ најави дека новото семејство на возила од серијата „40“ во понудата ќе имаат и „T5 Plug-in“ хибриден погонски систем, по примерот на сличната хибридна група „T8“ (во моделите „XC90“, „S90“ и „V90“). Меѓутоа, за разлика од моделите од серијата „90“, каде основата на хибридниот погон ја сочинуваше четирицилиндарски мотор, компактните автомобили од семејството „40“, покрај електромоторот, ќе имаат и трицилиндарски бензински агрегат.

kocvolvo 07

Другиот новитет кој ќе им биде понуден на купувачите е верзијата која ќе се движи исклучиво со помош на електромотор. „Volvo“ најави дека подоцна електричните верзии ќе бидат достапни и кај сите останати модели на овој производител.

kocvolvo 08

По претставувањето на двата концепти, следниот чекор на компанијата ќе биде лансирање на серискиот кросовер „XC40“, во текот на 2017-та. По овој модели ќе следи и новиот „S40“, а потоа и наследникот на актуелниот „V40“, но овие два автомобили би требало да имаат премиера дури во 2018-та или 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП