4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto официјално доби понуда за купување од Bayer

Monsanto официјално доби понуда за купување од Bayer

Monsanto Co. Products Ahead Of Earnings Figures

„Monsanto“, најголемиот производител на семиња во светот со пазарна вредност од 42 милијарди долари, официјално соопшти дека добил понуда за стекнување од германската „Bayer“. Предлогот е уште еден чекор кон консолидација на глобалната хемиска индустрија за семе и култури, коментира „Bloomberg“.

Предлогот е необврзувачки, изјави компанијата со седиште во Сент Луис, без да дава дополнителни финансиски детали. Управниот одбор на „Monsanto“ ја разгледува понудата, посоветувајќи се со советниците, но засега не е сигурно дали ќе дојде до договор, додаде уште компанијата.

Спојувањето на „Monsanto“ со компанијата која го создала аспиринот ќе ги спои брендовите како „Roundup“ – најпопуларниот хербицид на „Monsanto“, и „Sivanto“ – нов инсектицид на „Bayer“. Бран на зделки веќе ја менуваа хемиската индустрија за семе и култури. Во февруари „Chinese National Chemical“ го договори купувањето на „Syngenta“ за околу 43 милијарди долари, неколку месеци откако „Monsanto“ се откажа од својата понуда кон швајцарската компанија. „DuPont“ и „Dow Chemical“ исто така, планираат да се спојат во зделка вредна 65,6 милијарди долари и да создадат нова единица за истражување на култури.

Ако стекнувањето се случи, тоа ќе биде уште еден чекор кон консолидација на глобалниот хемиски сектор. Во оваа година се планираат договори за 84 милијарди долари, а ниските цени на културите ги поттикнуваат концентрациите, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“. Со премија над пазарната вредност, стекнувањето на „Monsanto“ ќе го надмине купувањето на „Syngenta“ од „ChemChina“ како најголем стекнување на светско ниво за оваа година, покажуваат податоците.

„Monsanto“ се соочува со пад на земјоделските суровини и нејзината понуда да ја купи „Syngenta“ за околу 46,2 милијарди долари беше отфрлена минатата година. Продажбата за кварталот, завршен во февруари се намалил за 13% во однос на претходната година до 4,53 милијарди долари. Цените на семињата на пченката и сојата се намалуваат во текот на последните три календарски години, што се одразува лошо на побарувачката на сè, од трактори до хербициди.

Eвентуалниот договор со „Bayer“ ќе и помогне на компанијата да ја намали зависноста од земјоделската индустрија, а „Monsanto“ ќе го зајакне бизнис со семиња на европскиот производител, еден од приоритетите на германската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП