Следење на сервисирањето на Вашиот автомобил во секое време
“Основните начела на работењето на Olympia Motors се да продолжиме да бидеме партнер од доверба и сигурност за секој наш член од нашето семејство клиенти, со квалитетна и навремена услуга, преку континуирано следење на вредностите и стандардите за квалитет. Во време кога трендовите носат новитети во светски рамки, сакавме на клиентите да им дадеме можност да не проверат во врска со нашето работење и да ни дадат сугестија за наше унапредување, а воедно им овозможиме еден несекојдневен тренд да го искусат и практикуваат”, велат од компанијата.
Новото искуство овозможува директно следење на сервисирањето на возилата преку видео надзор, систем кој е аплициран во сервисниот сектор, и преку кој може да се следи работењето на возилата во истиот. На овој начин, се обезбедува транспарентност во однос на сервисирањето и работата врз возилото, што се заменува, колку трае сервисот, кои операции се превземени, со што ја оправдува довербата на клиентите кон компанијата.
Дополнително, земајќи ги во предвид пропишани правила, каде што не е препорачливо присуство на клиент во сервисниот секот, заради нивна и безбедноста и работата на сервисните лица, овој начин е безбеден пристап и увид во сервисирањето на возилото, кој истовремено и заштедува време.
Клиентот со носење на возилото во сервисниот центар, се здобива со корисничко право на платформата, преку која се најавува и во истиот момент може да го следи сервисирањето од било која локација. Нашата мисија е да бидеме во тек со трендовите, и да ги постигнеме и најголемите очекувања на клиентите, а со тоа и да ја оствариме и целта, задоволни и лојални клиенти заедно со нас како партнер од доверба.