4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia го подготвува своето враќање со Android телефони и таблети

Nokia го подготвува своето враќање со Android телефони и таблети

nokia android tele

„Nokia“ веќе имаше телефони со модифицирана верзија на „Android“, но повторно ќе се врати на овој оперативен систем. „Android“ телефоните и таблетите со името на „Nokiа“ ќе ги произведува финската компанија „HMD Global“.

По неславната епизода со „Microsoft“, дојде ново време за смартфоните на „Nokiа“. Денеска тие објавија дека потпишале договор на десет години со новата финска компанија „HMD Global“, која во следната декада ќе произведува телефони и таблети со името на „Nokiа“, a ќе ги произведува подружница на „Foxconn“, пишува „Reuters“. Уредите кои ќе пристигнат би требало да имаат оперативен систем „Android“.

Шефот на компанијата „HMD“ ќе биде Арто Нумела, кој од „Nokiа“ пред неколку години замина во „Microsoft“, a „HMD“ во следните три години ќе вложи 500 милиони долари во развој и промоција на производите. Парите ќе пристигнат од инвеститори и од заработката од новата работа, а улогата на „Nokiа“ во целата приказна ќе биде значително мала.

Таа ќе има место во одборот и ќе се грижи уредите да ги задоволуваат квалитетите зад кои ќе стои и „Nokia“. Различни договори кои се неопходни да се заврши оваа работа би требало да бидат реализирани до крајот на годината, а се уште не е познато кога ќе бидеме во можност да ги видиме првите уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП