2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet подготвува револуција со новата Corvette

Chevrolet подготвува револуција со новата Corvette

corvete3977

Промената на генерациите кај суперaвтомобилот „Chevrolet Corvette“ ќе доведе до револуционерни промени во неговата конструкција, објави „Car & Driver“. Основната ќе биде промената на положбата на бензинскиот мотор, како и појавата на уште еден мотор – електричен.

Целосно новата „Corvette“ ќе биде претставена на саемот во Детроит во јануари 2018-та година. Суперавтомобилот веќе ќе биде со средна поставеност на моторот, а конструкцијата веќе е речиси подготвена. Моторот исто така ќе биде целосно нов – бензински „V8“ кој развива околу 500 КС.

Цената на автомобилот ќе стартува од 80.000 долари, што е доста сериозно поскапување. Во моментов основниот „Chevrolet Corvette“ во САД се нуди за 55.000 долари, а за 80.000 долари клиентот може да ја добие топ-верзијата „Z06“, опремена со мотор со 650 КС.

Околу една година по премиерата на моделот ќе биде претставена и неговата најмоќна и најбрза верзија. Таа ќе биде хибридна, а основата на агрегатот ќе биде поставена со нов „V8“ мотор. Неговата работа ќе биде помогната од електромотор со кој ќе се управуваат предните тркала. Каква ќе биде моќноста на оваа опција, засега не е познато.

Пред доаѓањето на новата „Corvette“ во компанијата планираат да ја испратат со почести сегашната генерација. Следната година ќе се појави модификација на моделот, која ќе биде последената со предно поставен мотор. Се очекува таа да биде помоќна од сегашниот „Z06“ кој забрзува од 0 до 100 km/h за 3 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП