25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen не издржа и го откри Wild Rubis

Citroen не издржа и го откри Wild Rubis

wild1

На интернет се појавија првите официјални фотографии од концептот „Citroen DS Wild Rubis“ пред неговата премиера која е закажана за крајот на април.

„Citroen“ и оваа година како и во 2012-та одлучи да направи нов луксузен концепт кој ќе биде претставен на големите кинески авто-саеми.

wild

По минатогодишниот концепт „Numero 9“ кој имаше премиера во Пекинг на ред дојде и првиот луксузен урбан кросовер од серијата „DS“, „Wild Rubis“, кој за првпат ќе биде прикажан на саемот за автомобили во Шангај.

Кога станува збор за дизајнот на овој кросовер, францускиот производител стилски се надоврза на „Numero 9“ особено ако го погледнеме предниот дел на двете возила.

wild3

Фаровите и решетката кај ладилникот има сличен облик и кај двете возила, додека наместо карактеристичнот амблем на компанијата кој можеше да се види кај „Numero 9“ на средината на маската кај „Wild Rubis“ се наоѓа логото на „DS“. Дизајнот на предниот дел од концептот е заокружен со голема хромирана украсна рамка кој делимично ги прекрива предните светслосни групи.

Стоп-светлата исто така се врамени со хромирани детали, исто како и големите отвори за издувните цевки кои се вклопуваат во долниот дел на браникот.

wild2

Иако „Wild Rubis“ е поставен на платформата која е како и кај сите кросовери, „Citroen“ не замислуваше овој автомобил да се впушта во авантури надвор од асфалтот. Поради тоа и заштитните облоги на долните делови од каросеријата, се минимални и дискретни.

Очекуваме „Citroen“ наскоро да ги објави и техничките детали и спецификации за овој концепт, а до тогаш може да уживаме само во фотографиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП