
Производителот на смартфони „Motorola“, сопственост на кинеската „Lenovo“, претстави три нови модели од серијата „Moto G“, воведувајќи нови стандарди кај најевтините уреди.


Производителот на смартфони „Motorola“, сопственост на кинеската „Lenovo“, претстави три нови модели од серијата „Moto G“, воведувајќи нови стандарди кај најевтините уреди.
Добрата вест е дека кај новите смартфони двојно е зголемен обемот на внатрешната меморија, со која се нудат (наспроти минатогодишниот претставник на серијата) – 16 GB.
Трите нови модели се основниот „Moto G4 Play“ со помал 5-инчен „HD“ дисплеј и чип „Snapdragon 410“, „Moto G4“ со 5.5 инчен „FHD“ дисплеј со процесор „Snapdragon 617“ и „Moto G4 Plus“, кој има сензор за отпечатоци и подобра 16-мегапикселна камера.

Кај основниот модел „Moto G4 Play“ недостасува можноста за брзо полнење, која е присутна кај другите два модели. И трите смартфони се со оперативениот систем „Android 6.0.1 Marshmallow“, а основниот модел е со 8 мегапикселна камера, додека моделот „Moto G4“ се издвојува со 13-мегапикселната задна камера. Предната камера кај трите смартфони е петмегапикселна, а тие имаат исто така слот за картичка со која се проширува на меморијата.
Батеријата на основниот модел е 2.800 mAh, додека на другите два е со капацитет од 3.000 mAh. Оперативната меморија е 2GB, а таа е продолжена до 4 GB само кај моделот „Moto G4 Plus“ во верзијата со 64 GB внатрешна меморија.
Цените на трите уреди се уште не се познати.