10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои нови автомобили се преферираат во Европа

Кои нови автомобили се преферираат во Европа

prefer 33

Експертите од агенцијата „Avtostat“ открија кои се најпопуларните модели на десетте најголеми европски пазари за првиот квартал во 2016-та година.

Анкетата покажува дека на најголемиот пазар во Европа – во Германија, лидер продолжува да е „Volkswagen Golf“, кој забележал 61.238 продажби. Тоа е намалување за 7,4% во споредба со истиот период од 2015-та година. Моделот го зазема првото место во уште две држави – Белгија (30.363 единици, пад од 16,3%) и Холандија (30.012 примероци, пад од 10, 7%).

Во Велика Британија на чело е „Ford Fiesta“ со 36.327 продажби (-8,9%). На италијанскиот пазар лидер е „Fiat Panda“ со 44.034 продажби. Тоа е и моделот со најголем раст за една година – плус 27,3%.

Французите преферираат компактен „Renault Clio“ – 28.238 примероци (-1,1%), а во Шпанија се насочуваат кон „Seat Leon“ – 9.748 единици (+ 2,8%). Во Русија најмногу баран е „Hyundai Solaris“ 21.434 единици (-13,6%), а во Полска води „Skoda Octavia“ со 4.245 реализирани продажби (+ 4,6%).

Во Шведска најпосакувани се моделите на „Volvo“, па неговиот резултат е 6.803 примероци (раст од 4,6%).

prefer 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП