18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis го дели својот бизнис на два дела

Novartis го дели својот бизнис на два дела

novartis

„Novartis“ ќе го подели фармацевтскиот бизнис на две компании. Едната ќе се фокусира на производство на лекови за лекување на рак, а другата – на сите други лекови кои ги произведува компанијата, соопштува „Ројтерс“.

И двете нови компании ќе бидат базирани во Базел, дополнува „Bloomberg“.

Компанијата ќе го смени и својот извршен директор – Дејвид Епштајн кој си заминува во „потрага по нови предизвици“. Епштајн стана дел од фармацевтската единица на „Novartis“ во 2010-та година.

Британските медиуми за заменик го споменуваат името на Ендрју Вити, кој во моментов е на чело на „Glaxo“, но ќе ја напушти компанијата во следната година.

Досегашниот извршен директор на фармацевтскиот бизнис на „Novartis“ всушност ќе биде заменет од две лица – сегашниот раководител на единицата за Северна Америка на „AstraZeneca“, Пол Хадсон и од шефот на „Novartis Oncology“ Бруно Стриџини.

Новата структура ја одразува важноста на онколошките болести за „Novartis“, коментираат од компанијата. „Novartis“ ја купи единицата која се занимава со развој на лекови за рак на „GlaxoSmithKline“ во есента 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП