6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony претстави 6-инчен смартфон со предна камера од 16 мегапиксели (фото+видео)

Sony претстави 6-инчен смартфон со предна камера од 16 мегапиксели (фото+видео)

ultra 90

Јапонскиот производител „Sony“ официјално го претстави моделот „Xperia XA Ultra“. Смартфонот се одликува со 6-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели и заситеноста од 367 точки на инч.

ultra 91

Смартфонот е во метална рамка и речиси без граници. Уредот има чип „Mediatek Helio P10“ и 3 GB RAM меморија. Оперативниот систем е „Android 6.0.1“, а внатрешната меморија е во износ од 16 GB, но може да се прошири со мемориска картичка.

ultra 92

Најсуштествена карактеристика на уредот од просечната ценовна класа, сепак е неговата предна камера. Таа е 16-мегапикселна, а има оптички стабилизатор, или можеби една од најдобрите камери за „селфи“ фотографии на пазарот. Има можност за фотографирање со гестови, што е прилично удобно. Во прилог доаѓа и задната камера од 21,5 мегапиксели со хибриден автофокус.

ultra 93

Иако батеријата на смартфонот е со капацитет од 2.700 mAh, а екранот е шест инчен, од „Sony“ тврдат дека таа може да издржи до два дена со едно полнење. Благодарение на опцијата за брзо полнење пак можете да го добиете уредот повторно на користењето за до пет и пол часа со полнење во рамките на само 10 минути. Уредот за брзо полнење, сепак треба да се купи дополнително.

ultra 94

Смартфонот се очекува да се појави на пазарите во јули во црна, бела и златна боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП