23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛино Червар нов селектор на ракометната репрезентација

Лино Червар нов селектор на ракометната репрезентација

lino-cervar

Лино Червар, според очекувањата на спортската јавност е именуван за нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

Комисијата за избор на РФМ: Милчо Чакарески, Гино Стрезовски и Славе Атанасовски, едногласно го избраа актуелниот тренер на Металург за наследник на Ивица Обрван.

Комисијата за избор при РФМ ја прифати кандидатурата на Червар, која ќе треба да ја верификува Управниот одбор.

Червар е еден од најпочитуваните тренери во ракометниот свет, светски и олимписки првак со Хрватска, а во Македонија, односно во Металург е од 2009 година.

Прва цел на Червар ќе биде со Македонија да избори пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во Франција. Противник на Мекедонија за пласман на СП, во јунскиот бараж ќе биде Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП