17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЕвропа му помогна на Vodafone да забележи раст за прв пат од...

Европа му помогна на Vodafone да забележи раст за прв пат од 2008-ма година

voda 33

Британската компанија за телекомуникации „Vodafone Group“ забележа раст на целокупниот бизнис за прв пат од 2008-ма година, потпомогнат од заздравувањето во Европа.

Приходите од продажбата за четвртото фискално тримесечје растат, а порастот успева да ги надмине очекувањата на аналитичарите. За тоа придонесоа за најдобрите резултати на дел од нејзините клучни европски пазари, пренесува „Bloomberg“. Европскиот бизнис забележа раст за прв пат по шест години во првите три месеци од 2016-та година. Приходите од европските поделби растат со 0,5 отсто до 6,3 милијарди фунти во кварталот.

Органските приходи од услугите кои вклучуваат потрошувачки трошоци, но не и продажбата на телефони, се зголеми за 2,5% во кварталот, кој заврши на 31-ви март. Аналитичарите, анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа 1,5% раст.

За целата фискална година, завршена во март, „Vodafone“ забележа раст на профитот пред даноци, такси, депресијација и амортизација од 2,7 отсто до 11,6 милијарди фунти (16,8 милијарди долари). Сумата се покажа под очекувањата на аналитичарите за 11,7 милијарди дунти.

Во последната година „Vodafone“ успеала да го намали падот на приходите од услуги во Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија. Истовремено успеала да освои повеќе на пазари како што се Турција и Јужна Африка.

Во Велика Британија конкуренцијата останува силна. Во јануари „BT Group“ заврши купувањето на мобилниот оператор „EE“, а овој месец регулаторите во Европската унија го блокираа предложеното спојување на два други оператори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП