20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin во 2020-та година ќе пушти кросовер на пазарот

Aston Martin во 2020-та година ќе пушти кросовер на пазарот

askross 33

Британската компанија „Aston Martin“ ќе се впушти во битката за клиенти кај луксузните кросовери, така што ќе го претстави својот прв модел од овој сегмент во 2020-та година, соопшти Autocar.

Според информациите луксузниот „SUV“ ќе го носи името „DSX6“, а по своите карактеристики ќе биде сличен со слични автомобили развиени и понудени од „Rolls-Royce“, „Maserati“, „Jaguar“, „Lamborghini“ и други производители.

За новиот кросовер ќе биде создадена целосно нова платформа, а нема да биде користена некоја од овие на „Daimler AG“. Се претпоставува дека Англичаните ќе преземат некоја од шасиите на германскиот производител, со кого имаат договор за испорака на мотори.

На изглед модел на „Aston Martin“ ќе се доближува до индикаците на „DBX Concept“ кој беше претставен на автосаемот во Женева. Овој модел се потпираше на погон со електрична енергија, но е поверојатно при излегувањето на пазарот луксузниот теренец да добие бензински и дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП