4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали следниот Galaxy ќе има флексибилен екран? (видео)

Дали следниот Galaxy ќе има флексибилен екран? (видео)

dam3

На технолошките саеми во изминативе години некои компании претставија концепти на паметни телефони со флексибилни екрани, а покрај најавите дека такви телефони ќе се најдат во продажба во 2014-та и 2015-та, досега никој не се одлучи за таков потег.

Тоа би требало да се промени веќе следната година кога се очекува претставувањето на смартфонот на „Samsung“ со флексибилен екран, кој, доколку гласините на интернет се точни, би требало да има флексибилен екран како паричник.

На интернет страната „Sam Mobile“ која ги следи и објавува сите новитети поврзани со јужнокорејската компанија велат дека флексибилниот телефон ќе се продава како дел од серијата „Galaxy X“ и првиот таков модел ќе можеме да го очекуваме во текот на следната година, но се уште не е познато дали станува збор за почетокот или крајот на 2017-та.

Моментално нема информации за димензиите на екранот (нa „Sam Mobile“ се споменува само 4K резолуција), но може да се очекува дека овој уред ќе има голем екран. Инаку, до крајот на годината „Samsung“ би требало да претстави уште еден или два топ модели на мобилни уреди – новиот фаблет од серијата „Note“ (Galaxy Note 6) и можеби „Galaxy Note 6 Edge“, фаблет со заоблен екран, а плановите за следната година би можеле да вклучуваат дури и пет топ модели.

Покрај класичните модели од серијата „S“(„S8“ и „S8 Edge“), во 2017-та „Samsung“ би можел да ги претстави и „Galaxy Note 7“ и „7 Edge“ и првиот флексибилен телефон на светот – „Galaxy X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП