27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје со скромна добивка за првото тромесечие од годинава

Фершпед АД Скопје со скромна добивка за првото тромесечие од годинава

fer

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето во период 01.01.-31.03.2016 година. Оперативната добивка остварена во период  јануари-март 2016 година изнесува 9.662 илјади денари и истата бележи пораст од 70% во однос на 2015 година.

Остварените вкупни приходи во периодот јануари-март 2016 година, изнесуваат 596.995 илјади денари и во однос на остварените вкупни приходи истиот период минатата година бележат пад од 16,5%.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 596.640 илјади денари и се помали за 15% во однос на оперативните приходи во првиот квартал од минатата година.

Финансиските приходи во овој период имаат забележителен пад во однос на финансиските приходи истиот период мината година.

Вкупните расходи остварени во период јануари-март 2016 година изнесуваат 593.631 илјади денари и истите  покажуваат пад од 16% во однос на вкупните расходи во првиот квартал од минатата година.

Оперативните расходи се во износ од 586.978 илјади денари и истите во однос на минатата година се намалени за 16%.

Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година имаат пад од 30%.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 3.364 илјади денари што претставува пад во однос на нето добивката во истиот период од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП