4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Translate стана уште попрактичен за мобилните телефони (видео)

Google Translate стана уште попрактичен за мобилните телефони (видео)

transla 333555

„Android“ со новата надограба конечно доби практично користење на „Google Translate“, кое корисниците долго го очекуваа.

„Tap to Translate“ е опција која овозможува автоматски превод на текст во апликацијата во која се чита, па така повеќе нема потреба да се излегува од текстот и да се отвора преведувачот на „Google“ со цел да се открие што значи одреден збор или пак цел текст.

Па така сега, кога ќе копирате текст на странски јазик, автоматски ќе се отвори прозорче кое овозможува брз превод, а со тоа нема потреба за напуштање на апликацијата која се користи во моментот.

Покрај тоа, „Google“ мислеше и на корисниците на „iOS“, за оние кои имаат „offline“ јазични пакети, кои можат да преведуваат и без интернет конекција. Датотеките во тој случај, нормално, ќе мораат претходно да бидат превземени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП