26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШкода го најавува Snowman

Шкода го најавува Snowman

snowman-02

Како што најавуваат некои од германските медиуми, Шкода до 2016-та година на пазарот ќе пуштат нов компактен СУВ модел „Snowman“.

Како што стојат работите „Snowman“ ќе се базира на следната генерација на „Tiguan“, а ќе бидат понудени верзии со 5 и 7 седишта.

Во дизајнерски речник веќе видено на најновите модели на оваа марка (Rapid, Octavia III), „Snowman“ вниманието ќе го привлекува со пространиот ентериер, големиот багажен простор, како и „Plug-in Hybrid“ варијантата.

На почетокот ќе се нуди со TSI бензински мотори (1.4 TSI со 150KS, 2.0 TSI со 180KS и 2.0 TSI со 220KS) и 2.0 TDI дизел мотори во верзиите со 150KS и 184KS.

Според проценките „Snowman“ во Германија би требало да стартува по цена од околу 23.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП