22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes планира еколошки подбренд?

Mercedes планира еколошки подбренд?

elkbenz

Компанијата од Штутгарт ја разгледува можноста за лансирање на посебно семејство на возила со алтернативни, еколошки прифатливи погонски системи, слично како „i“ серијата на „BMW“, најави еден од челниците на „Mercedes“.

Во разговор за „Autocar“, шефот на „Mercedes“ за маркетинг, Ола Калениус, вели дека тоа е примамлива идеа, но дека неговата компанија најпрво треба да ја прошири понудата на „Plug-in“ хибридни модели. Потоа, „Mercedes“ би требало да се фокусира на подбренд сличен на тој кој го разви конкурентот „BMW“.

„BMW“ пред неколку години стартуваше ново семејство на модели, кои користат или хибридни или чисто електрични погонски системи, па така сега на пазарот се достапни спортскиот „Plug-in hibrid BMW i8“, и електричниот модел „BMW i3“.

elkbenz1

Што се однесува до „Mercedes“, oваа компанија планира до крајот на 2016-та во понудата да има три електрични модели – „B сlasѕ Electric Drive“ (aвтомобилот кој го доби секој од фудбалерите на Лестер поради освоената титула во Англија), како и два модели од марката „Smart“ на струја.

Зa 2017-та во план е уште еден модел со алтернативен погонски систем, „GLC F-Cell“ на водород, а Калениус најави дека до крајот на оваа година „Mercedes“ во продажба ќе има дури 10 „Plug-in“ хибридни модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП