4 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоради овие промени во дизајнот сите со нетрпение го очекуваат iPhone 8...

Поради овие промени во дизајнот сите со нетрпение го очекуваат iPhone 8 (видео)

ekran ih

„iPhone 8“, кој би требало на пазарот да се појави следната година, би можел да донесе големи дизајнерски промени…

Многумина веќе се помирија со тоа дека „iPhone 7“, кој ќе пристигне оваа есен, најверојатно нема да има премногу атрактивни новитети, а ќе биде дизајниран приближно како и сегашниот „iPhone 6S“.

Поради тоа вниманието се повеќе се насочува на „iPhone 8“ кои би требало светлоста на денот да ја здогледа наредната година.

Популарниот блогер Џон Грубер на својот „The Talk Show“ рече дека целата предна површина на „iPhone 8“ ќе биде екран, односно нема да има рабови над и под екранот. Тоа значи дека сензорот за отпечаток на прстот, предната камера, звучниците и останатите сензори ќе бидат вградени под екранот.

Како тоа ќе го решат дизајнерите на „Apple“ останува да се види, но неодамна љубителите на технологијата имаа можност да видат екран кој го претстави „LG“ во кој сензорот за отпечаток на прстот беше сместен под самото стакло.

Претходно гласините укажуваа и на тоа дека „Apple“ на следниот телефон ќе користи флексибилен „OLED“ eкран, а се претпоставува дека за неговото производство ќе биде склучен договор со „Samsung“.

Инаку, Грубер е многу добро информиран со случувањата во компанијата „Apple“ и често има точни информации за тоа што подготвува американскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП