15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ може да им даде право на регулаторите да замрзнуваат трансфери од...

ЕУ може да им даде право на регулаторите да замрзнуваат трансфери од банкротирани банки

1

Брисел ја разгледува можноста да им обезбеди на банкарските регулатори построги овластувања за замрзнување на трансфери од банкротираните банки со цел спречување на одливот на средства, пред властите да успеат да интервенираат.

Европската комисија ќе ја истражува можноста за „алатката тип мораториум“, која може да биде употребен во ЕУ. Иако работата на мерката се уште е во рана фаза, целта на новите овластувања е нагло да се запираат плаќања кон сопственици на обврзници и потенцијално да се спречат повлекувањата од депонентите.

Алатката може да има „стабилизирачки“ ефект, додека регулаторите да најдат решение како да интервенираат спрема банката, покажува документ од 10-ти мај, подготвен од Холандија, која во моментов претседава со ЕУ.

„Мораториум може да овозможи брз и успешен процес кој ги минимизира ризиците за финансиската стабилност“, се вели во документот. Замрзнувањето нема да трае долго, неколку дена најмногу, велат лица, запознаени со идејата.

Според официјални претставници на ЕУ, идејата е поддржана од Германија и Холандија, кои веруваат дека таа ќе ги зајакне правилата на ЕУ, со цел да ги заштитат даночните обврзници при спасувањето на банкротираните банки. Во исто време, владите се претпазливи, бидејќи сметаат дека премногу раната интервенција може да се одрази негативно врз довербата кон банката, додека во исто време може да предизвика шок бранови во поширокиот финансиски систем, предизвикувајќи некои земји да ги зголемат резервите.

Земјите се силно поделени по тоа дали и кога инструментот може да се обезбеди за употреба од страна на регулаторите, покажува документот.

Идејата за слични овластувања во еврозоната има делумно во Германија, која веќе ужива таков инструмент.

Земјите сакаат да избегнат и повторување на паниката околу спасувањето на Кипар во 2013-та година. Тогаш повлекувањето на депозитите значително ги ослабна двете главни банки на земјата и покрај воведувањето на капиталната контрола. Тоа ги попречи плановите на големите вложувачи да бидат принудени да ги споделат трошоците за спасување.

Комисијата ќе разгледа и дали депозитите, особено оние под 100.000 евра, гарантирани од државата, треба да бидат исклучени од замрзнување. Комисијата ќе разгледа и други исклучоци, кои може да се потребни за да се избегне паника или распаѓање на финансискиот систем, на пример плаќања кон централните банки или кон коминтенти на деривати.

Извори од комисијата велат дека владите побарале од неа да го разгледа ова прашање, но засега не се донесени решенија.

Плановите се дел од пошироката програма на ЕУ, со која ќе се гарантира дека правилата ќе бидат спроведени од 1-ви јануари со цел да се пренесат трошоците за спасување на банкротирана банка врз нејзните кредитори. Комисијата ќе достави предлози во оваа година со кои ќе бараат од големите банки обезбедување на минимален износ на одреден долг и други обврски кои лесно можат да бидат отпишани од регулаторите при криза.

Засега холандската влада одбива да даде коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП