4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвлечени добитниците од наградната игра ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘

Извлечени добитниците од наградната игра ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘

mnm

Викендов донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра на Бимилк „Авантурите на Битолското чупе“.

Попладнево во Детскиот парк во Битола, Битолското чупе ги извлече  среќните добитници од големата наградна игра, а најсреќен од нив беше добитникот на главната награда, Маја Мојсова Мијовска која заедно со своето семејство ќе ја посети светски познатата Зоолошка Градина во Берлин.

Сите добитници на наградите , 15 плеј стејшн, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Бимилк.

Големата авантура на Битолското чупе, Бимилк и Битолското млеко со 10 витамини заврши со незаборавна забава во битолскиот Детски парк, со многу изненадувања и интересна и богата програма.

bi

‘‘На сите денешни добитници им честитам. Но, сметам дека добитници сме сите, а особено нашите дечиња затоа што наградната игра беше креативен спој на корисно, забавно и едукативно. Забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ водеше омилената детска хероина, креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата и корисна бидејќи децата имаа можност да научат нешто ново. Верувам дека сите денес се забавувавме и дека со нетрпение ја очекуваме новата авантура на Битолското чупе.‘‘ – изјави Игор Ивановски, претставник од Бимилк.

bim

Наградната игра забележа неверојатен успех и интерес, побарувачката за албумите беше огромна, продадени беа вкупно 55.000 албуми а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП