18 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVernee Apollo ќе има процесор Helio X25 (видео)

Vernee Apollo ќе има процесор Helio X25 (видео)

vernee 333

Откако го лансираше „Vernee Thor“, компанијата сега се подготвува за претставување на нов уред – „Apollo“, смартфон кој доаѓа со одлични карактеристики.

„Vernee“ е една од интересните нови компании на пазарот на смартфони која произведува ценовно прифатливи уреди со многу моќни карактеристики.

Нивниот модел „Thor“ веќе започна да се продава, додека таа се подготвува за лансирање на уредот „Apollo“ кој покрај 5.5-инчниот екран со резолуција од 2K има „Force Touch 3D“ технологија, 6GB RAM, 128GB меморија, главна камера од 21MP и предна од 8MP, „USB Type-C“, читач за отпечатоци на прстите, но и нов моќен процесор „Helio X25“.

Ова е секако чекор напред, и се гледа дека компанијата јасно дава до знаење дека сите компоненти се во склад со развојот. Како што стојат работите, „Vernee Apollo“ би требало да биде претставен во текот на јули, додека малку послабата верзија на уредот, „Apollo Lite“, би требало да се најде на пазарот во текот на следниот месец.

Цените засега не се познати, но сигурно е дека телефонот нема да биде премногу евтин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП