8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем одлив на капитал од европските фондови од 2007-ма година

Најголем одлив на капитал од европските фондови од 2007-ма година

kapital 333

Изминатава недела, дефинитивно не може да се дефинира како особено успешна за инвестициските фондови и пазарите во светот.

Според последните податоци инвеститорите преземале средства од фондовите веќе петта последователна недела, а нето одливот на капитал изнесува 7.3 милијарди долари за периодот.

Најсилно погодени беа европските фондови, кои забележаа одлив на капитал во износ од 3,1 милијарди долари. Во исто време тие ја регистрираа десеттата по ред недела на намалување на капиталот, или најдолгиот губитник од периодот од септември 2007-ма година. Инвеститорите исто така преземале 4.9 милијарди долари од јапонскиот пазар, откако централната банка во земјата ги изненади сите и го задржа нивото на стимулите и каматата без промена во април. Одлуката на јапонската централна банка не одговори на широките очекувања на пазарот, што иницира продажба на средства од разочараните инвеститори.

Инвеститорите тежина имаа и од државните фондови, иако со далеку послабо темпо. Големината на повлечените средства од нив изнесува 1,8 милијарди долари, или четири пати помалку во споредба од повлечените средства од европските фондови.

Средствата повлечени од фондовите на пазарите во развој беа најголеми во оваа недела од септември минатата година, според податоците на инвестициската банка „Morgan Stanley“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП