Како изгледа богатството на Блискиот Исток? Кои се геополитичките влијанија и какви природни ресурси има во регионот и делови од Централна Азија? На овие прашања се обидува да одговори „VisualCapitalist“ со последниот график.
Почнувајќи од очигледниот, извоз број еден за многу земји во регионот е суровата нафта или нафтените производи. Земјите од Блискиот Исток добиваат значителен дел од глобалните приходи од извоз на нафта во 2015-та година, а испораките се проценуваат на 325 милијарди долари, или 41,3% од светскиот извоз на сурова нафта.
Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Иран и Оман се меѓу 15-те најголеми извозници на сурова нафта во 2015-та година. Русија и Казахстан исто така присутни во оваа листа.
Властите во регионот се свесни дека постојат многу други природни богатства од кои произлегуваат придобивки од оваа економска сила. Безредијата можат да бидат задушени од зголеменото богатство, а и со оваа своја сила земјите можат да имаат многу поголемо влијание во глобалните процеси. Саудиска Арабија е добар пример и во двата случаи, иако главен двигател на саудиското влијание се забавува во последните години.
Покрај извозот на нафта има некои интересни особености во регионот. Една од најразвиените економии – Израел, воопшто не зависи од извозот на нафта. Земјата мораше да најде други начини за влегување на глобалниот пазар и трите нејзини основни стоки за извоз се електрониката и софтверот, обработените дијаманти и фармацевтските производи.
Воено разурнатиот Авганистан, кој не е значаен производител на нафта на светскиот пазар, добива поголемиот дел од своите приходи од извоз на различни природни ресурси. Опиумот е најважниот извор на приходи во земјата, а опијатите како опиумот, морфиумот и хероинот се нејзиниот најголем извоз. Со приближна вредност од 3 милијарди долари на референтните цени, се проценува дека нивната вредност е околу 15% од БДП-то на земјата за 2013-та година.
Не на последното место, земјите на графикот без нафтено богатство како целина имаат помалку влијание на светската сцена од геополитичка перспектива. Ерменија, на пример, која извезува главно необработен мед и обоени метали и е 138-иот најголем извозник во светот во доларски израз, меѓу Јамајка и Свазиланд. Опкружена географски од земји за кои Ереван се смета за непријателски, Ерменија се повеќе се врти кон Русија за поддршка.