5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer подготвува понуда за купување на Monsanto?

Bayer подготвува понуда за купување на Monsanto?

bayer algeta

Германскиот гигант „Bayer“ разгледува можноста да упати понуда за стекнување на американскиот конкурент „Monsanto“ во трансакција со која би се создал најголемиот снабдувач на семиња и земјоделски хемикалии во светот, тврдат запознаени извори, цитирани од „Bloomberg“.

Германската компанија води прелиминарни разговори на внатрешно ниво и со советниците за купување на „Monsanto“, чија пазарна вредност изнесува речиси 40 милијарди долари, велат изворите, кои побарале анонимност поради доверливоста на информациите.

„Bayer“, кој се проценува на околу 84 милијарди евра, разговара за тоа како да го финансира договорот, вклучително и преку потенцијална продажба на средства, велат изворите. Засега нема конечна одлука за ова прашање. Компанијата со седиште во Леверкузен може да одлучи да не упатува понуда или да преземе други дејствија спрема „Monsanto“, вклучувајќи создавање на заеднички компании или продажба на средства, дополнуваат уште изворите.

Претставниците на „Bayer“ и „Monsanto“ засега одбиваат да дадат коментар на оваа тема.

Пристапувањето на најголемиот производител на семиња во светот кон германската компанија ги ќе обедини брендовите како „Roundup“ – најпопуларниот хербицид на „Monsanto“, и „Sivanto“ – новиот инсектицид на „Bayer“, како и семињата за различни култури од пченка до шеќерна трска.

Акциите на „Bayer“ поевтинија за 2,7% до 97,31 евра за време на трговијата во Франкуфурт, додека оние на „Monsanto“ поскапеа за 18%. Компанијата забележа пад на цената на акциите од 0,9% до 90,34 долари на берзата во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП