Од банкарство до купување, од трговија до превземања, според „Forbes“ ова се 40-те финансиери кои владеат со светот на парите.
Менаџерите на хеџ фондови, директорите на компании за приватни капитални инвестиции и доверителите се тие кои го контролираат протокот на илјадници милијарди долари во глобалната економија и реално влијаат на сите нас на еден или друг начин.
Листата на „Forbes“ вклучува личности кои управуваат бизнис од двете страни на линијата – и при купувањето и при продавањето на финансии.
На „Wall Street“ парите се оние кои зборуваат, и токму затоа изданието проценува финансиите според четири фактори: нето богатство, управувани или остварени средства, тригодишна историја назад и влијанието врз пазарите.
Ова се десетте највлијателни финансиери во глобалната економија:
1. Стивен Шварцман
Извршен директор на најголемата компанија за приватни капитални инвестиции „Blackstone Group“
Нето богатство: 10,2 милијарди долари
Управувани средства: 344 милијарди долари
2. Дејвид Тепер
Хеџ фонд менаџер и основач на „Appaloosa Management“
Нето богатство: 11,4 милијарди долари
Управувани средства: 18 милијарди долари
3. Џејми Димон
Извршен директор на „JPMorgan Chase & Co.“
Нето богатство: 700 милиони долари
Управувани средства: 2,4 илјади милијарди долари
4. Ворен Бафет
Извршен директор на „Berkshire Hathaway“
Нето богатство: 68,5 милијарди долари
Управувани средства: 552 милијарди долари
5. Лоренс Финк
Претседател и извршен директор на „BlackRock“
Нето богатство: 550 милиони долари
Управувани средства: 4,6 илјади милијарди долари
6. Кен Грифин
Основач на „Citadel“
Нето богатство: 7,6 милијарди долари
Управувани средства: 25 милијарди долари
7. Џефри Гундлах
Извршен директор на „DoubleLine Capital“
Нето богатство: 1,4 милијарди долари
Управувани средства: 95 милијарди долари
8. Карл Ајкан
Основач на „Icahn Capital Management“
Нето богатство: 17,6 милијарди долари
Управувани средства: 42 милијарди долари
9. Лојд Бланкфејн
Извршен директор на „Goldman Sachs Group“
Нето богатство: 700 милиони долари
Управувани средства: 878 милијарди долари
10. Џорџ Сорос
Основач на „Soros Fund Management“
Нето богатство: 24,9 милијарди долари
Управувани средства: 29 милијарди долари