2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.05.2016

Дневен хороскоп 13.05.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Притисокот ослабува на крајот на неделата и се поправаат односите со соработниците и шефовите. Но би требало да избалансирате некои работи. Намалете ја импулсивноста и не прифаќајте се што ви се нуди.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Крути сте во комуникацијата со колегите и шефовите. Тоа има корени во некои претходни лоши искуства. Немате причина за толку страв. На полето на љубовта слободните припадници ќе бидат отворени за нови познанства.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во оваа недела бевте толку расеани и оптеретени со обврските па тешко дека денес ќе останете сконцентрирани. Подобро е се да запишете, сочувате и да се обидете подобро да се организирате. Потребна ви е поддршка од околината, па потпрете се на ветувањата кои некој претходно ви ги дал.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Финансиите сериозно ви осцилираат во текот на овој период. Не ви се советува земање на кредит или поголеми заеми. Ќе бидете пријатно изненадени кога во прашање се парите, но ве очекуваат и некои непланирани трошоци. Ќе ве заинтересира некоја личност од работа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Полека сфаќате која е вашата позиција и кои се вашите потенцијали. Околностите на работа и понатака се нестабилни, но вие имате можност добро да се снајдете во гужва. Ова особено важи за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Време е да продолжите понатака на полето на љубота и да ја затворите вратата за едно лице.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во оваа недела доаѓате до израз и станувате брутално искрени. Многумина можеби ќе побегнат од вашето опкружување, но на вас ви е сеедно, што на ум – тоа на друм е ваша парола. Партнерот има перспективни цели, а вие не сте сигурни што тоа ќе донесе во вашиот однос.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Прво поведете сметка за тоа на кого и што му зборувате. Нешто што ќе го кажете во доверба кај лице кое го сметате за блиско ќе го слушнете кај многу лица. Ве загрижуваат финансиите, потребно е да си ги побарате парите назад од лицата на кои сте им ги позајмиле.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве притиска чувство кое не можете да го дефинирате. Загрижени сте околу некои понатамошни случувања на кои моментално можете да влијаете. Само полека. Се ќе решите во свое време. Вие сте знак на кој најважна му е деловната и материјалната позиција, а вас тоа најмногу ќе ве загрижува.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ситуацијата на деловна сцена се стабилизира. Имате повеќе време за дневни задоволства. Можете да напредувате или да започнете некој нов проект. Оние во врска нема баш најдобро да се разбираат со партнерот. Сепак ситуацијата ќе се смири на крајот од викендот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Прифатете нечија понуда да ви помогне. До вас ќе дојдат вести за некои случувања кои не сте можеле целосно да ги следите. Имате наклонетост кон личност на положба. За вас нема многу грижи. Старата љубов и понатака има некакво влијание врз вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Потребно ви е малку време за себе, со цел да ги разгледате сите нешта кои се случија оваа недела. Размислете за се шти ви создало нервоза и елиминирајте го. Поправете ги грешките и продолжете гордо понатака.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес сте полни со оптимизам и енергија, речиси магнетски го привлекувате вниманието на околината, па бидете свесни дека ќе ве проценат и според зборовите и според делата. Парнерот ќе има интересни предлози за викендот кои и на вас многу ќе ви се допаднат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП