5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple инвестира милијарда долари во кинески Didi Chuxing

Apple инвестира милијарда долари во кинески Didi Chuxing

apple brand

Компанијата Apple инвестира милијарда долари во кинески Didi Chuxing, апликација за такси услуги, која во Кина има поголем пазарен удел од американскиот конкурент Uber, соопшти во Apple.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, вели дека на таков потег, меѓу другото, се одлучиле заради подоброто разбирање на кинескиот пазар.

За Didi Chuxing, порано познат како Didi Kuaidi, тоа е најголемата инвестиција во историјата.

Didi Chuxing има повеќе од 11 милиони возења дневно, што значи дека пазарниот удел му достигнува 87 отсто.

Од друга страна, американски Uber тешко се пробива на кинескиот пазар, па неодамна призна дека на тој пазар годишно губи повеќе од милијарда долари.

Кук во соопштението истакна дека гледа голем потенцијал во идната соработка меѓу Apple и Didi Chuxing, а трансакцијата ја смета и како шанса за подобро разбирање на целиот кинески пазар.

Амбициите на Apple во Кина нарушени се неодамна кога кинеските регулатори на пазарот ги згаснаа неговите онлајн услуги со книжевни и филмски содржини, објаснувајќи го тоа со строгите правила за тоа што може да се објавува онлајн.

Тој потег беше тежок удар за Apple, кому Кина за повеќе производи му е втор пазар, после американскиот.

Apple во првото тромесечје годинава забележа прв пад на приходите на годишно ниво од 2003 година и прв пад на продажбата на iPhone, од кога овој паметен телефон постои, а Кина при тоа беше означена како особено слаба точка која придонела кон тој пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП