4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГлобалниот пазар на беспилотни летала вреди повеќе од 127 милијарди долари

Глобалниот пазар на беспилотни летала вреди повеќе од 127 милијарди долари

dronovic 333

Револуцијата со беспилотни летала има влијание во промената во сите економски сектори: oд земјоделството до филмската индустрија.

Новото истражување на „PwC“ за комерцијалната примена на технологијата со беспилотни летала покажа дека проценетата вредност на новиот глобален пазар за бизнис услуги во кои се употребуваат беспилотните летала изнесува повеќе од 127 милијарди долари, стои во истражувањето „Clarity from Above“ на компанијата „PricewaterhouseCoopers“.

Примената на технологијата на беспилотни летала во постоечките бизнис процеси им овозможува на компаниите од тие економски сектори да создадат нови бизнис модели. Секој економски сектор има различни потреби, па поради тоа се потребни и различни видови на решенија базирани на беспилотните летала и различни функции на истите. На некои им е важна брзината на летот и носивоста, додека други сакаат да се фокусираат на решенија кои обезбедуваат податоци со висок квалитет во реално време на ефективен начин.

Според „PwC“, извештајот „Clarity from Above“ може да говори и за пазарната вредност на решенијата базирани на беспилотните летала, а е поголема од 127 милијарди долари. Тоа е, според предвидувањата на „PwC“, вредност на постоечките бизнис услуги и работи кои во иднина веројатно ќе ги заменат со решенијата базрани на беспилотните летала. Економскиот сектор во кој примената на беспилотните летала имаат најголеми изгледи е инфраструктурата во која се говори дека пазарната вредност е околу 45,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП