6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка оствари позитивни финансиски резултати за првиот квартал

УНИБанка оствари позитивни финансиски резултати за првиот квартал

uni

УНИБанка во првиот квартал од 2016 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот за 2016 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги при тоа во предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување.

Нето активата на банката во Март 2016 год. е на ниво од 13,1 милијарди денари, што значи зголемување на истата за 12,9% во однос на Март 2015 година (11,6 милијарди денари).  Обврските на банката  во билансот на состојба бележат нето зголемување од 13,1%, што е резултат на порастот на вкупните депозити особено на депозитите на банки.

Во првиот квартал од 2016 година Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 31,2 милиони денари кој во однос на истиот период  минатата година е повисок за 30,7 милиони денари.

Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на Март 2015 година се зголемени од 115,2 милиони денари на 131,6 милиони денари или за 14,2%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки.

Нето приходите од провизии и надоместоци во првиот квартал од 2016 година изнесуваат 35,2 милиони денари и се на истото ниво од  Март 2015 година (35,1 милиони денари).

Оперативните расходи во првото тримесечје од 2016 година достигнаа износ од 119,8 милиони денари, што значи зголемување од 1,4% во однос на истиот период  лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП