4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMotorola подготвува два модуларни смартфони

Motorola подготвува два модуларни смартфони

motoleno33

„Motorola“ подготвува два нови смартфони од висока класа, соопштува интернет изданието „VentureBeat“. Уредите ќе имаат целосно метално куќиште и ќе може да користат различни модули, кои ќе се приложат кон нив и да им даваат дополнителни функции.

Во моментов моделите ги носат тарифните имиња „Vertex“ и „Vector Thin“. На грбот на куќиштето ќе имаат 16 мали дупки. Тие не се за звучник, туку се за поврзување на дополнителните модули, тврди весникот. Веќе има и шест готови модули кои компанијата ги нарекува „Amps“. „Motorola“ ќе овозможи и на надворешни компании исто така да развиваат и продаваат дополнителни модули.

Меѓу готовите се стерео звучници, дополнителна батерија, поудобна рачка за снимање со телефон со вграден помоќен блиц и објектив за оптички зум. Ќе има уште модул со мини проектор и засилен модул, отпорен на потешки услови и друго. Модулите ќе имаат корист од металното куќиште на телефоните и ќе се закачи за нив преку магнети.

Телефоните ќе располагаат со 5.5-инчни „AMOLED“ екрани, но со тоа завршуваат нивните заеднички карактеристки. „Vector Thin“ ќе биде топ модел со 4K дисплеј, процесор „Snapdragon 820“ на „Qualcomm“ и до 4GB RAM меморија. „Vertex“ ќе се потпира на „Full HD“ дисплеј, процесор „Snapdragon 625“ и до 3GB RAM. Вградената меморија и на двата телефони ќе е до 32GB.

„Vertex“ ќе има 16 MP камера, додека „Vector Thin“ ќе се потпира на 13 МР сензор со оптичка стабилизација. Дебелината на куќиштето на „Vertex“ ќе е околу 7мм, додека онаа на „Vector Thin“ – 5.2 мм. Телефоните ќе имаат соодветно батерии со капацитет од 2600mAh за „Vector“ и 3500mAh за „Vertex“. Се очекува моделите да бидат официјално претставени во почетокот на јуни годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП