29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВерзија на R8 која чини 229.000 евра

Верзија на R8 која чини 229.000 евра

r824h 33

„Audi“ ја претстави специјална верзија на купето „R8“, која е посветена на победите во трките на издржливост „24 часа Ле Ман“ и „24 часа на Нирбургринг“.

Автомобилот го доби називот „Audi R8 V10 Plus Selection 24h“ и ќе излезе во серија од 24 примероци. Официјалната премиера на машината ќе се одржи на 28-ми мај на патеката крај Нирнберг, а веќе се знае цената на модел – 229.000 евра.

Во основата на модификација е „R8 Coupe V10 +“. Таа е опремена со 5,2-литарски бензински „V10“ мотор кој развива моќност од 610 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,2 секунди, а максималната брзина е 330 км/ч.

Автомобилот е обоен во 3 бои, а спојлерот, антикрилото и дифузерот се направени од јаглеродни влакна. Оваа верзија добила 20-инчни тркала од лесна легура, адаптивна суспензија „Audi magnetic ride“, систем „Dynamic Steering“ и ласерски светла.

Во кабината на возилото има комбинација од кожа и алкантара, а отворите на климата и елементите од Инструмент-панелот се од карбон. Од истиот материјал се направени и праговите, кои се со систем за осветлување и со индивидуален број – од 1 до 24 за секој од автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП