2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.05.2016

Дневен хороскоп 11.05.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се наоѓате во сјајна формa и самоуверено ги прифаќате различните обврски. Најдобро се чувствувате во друштвото кое има слични идеи или деловни интереси. Во романтично расположение посакувате силни изливи на љубов.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски. Препуштете им на вашите соработници да го завршат потешкиот дел од работата. Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите вашите намери.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Самоуверено ги браните вашите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ја отежнуваат вашата деловна или социјална положба. Чувствувате голем емотивен занес, но како да ви недостасува прилика да се изразите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Делувате активно на различни страни. Постои личност која може да ги надгради вашите интелектуални способности. Новите деловни контакти кои сте ги оствариле најавуваат пошироко социјално значење или влијание.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствувате креативна инспирација и со леснотија завршувате многубројни обврски. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците го очекуваат вашето мислење за различните деловни теми. Уживате во друштвото на некое блиско лице.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Умеете да делувате многу сугестивно на своите соработници и не се срамите да побарате различни отстапки. Сметате дека ви припаѓаат подобри услови. Благодарение на добрата деловна стратегија, ве очекуваат позитивни резултати. Во љубовниот живот непотребно се грижите за однесувањето на партнерот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Важно ви е се да биде идеално, но сепак имате впечаток дека ви недостасуваат основните информации за деловните прилики. За среќа, ве очекува ненадејна добивка. Делувате задоволно поради случувањата кои ве следат во љубовниот однос.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добро размислете за своите интереси, бидејќи околностите на деловна сцена брзо се менуваат. Одложете некој важен деловен договор или финансиско инвестирање. Доколку се сомневате во нечии емотивни намери, тоа сеуште не е доказ за осудување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Важно ви е да напредувате на различните страни, но забележувате дека околу вас се наоѓаат различни соработници со различни карактери. Неопходно е да применувате проверени тактики во деловниот дијалог. Во љубовта ве измачуваат ситни проблеми кои успешно ќе ги надминете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си квалитетен одмор, како најдобар начин да ја акумулирате позитивната енергија. Важно е да ги рационализирате вашите обврски. Во љубовниот живот лесно ги губите интересите за некое лице.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Очекувате позитивни одговори во решавањето на деловните прашања. Поради заедничките интереси толерантно преминувате преку ситните неправди кои постојат во односот со соработниците. Во љубовниот живот се наоѓате во фаза на нереални приказни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Делувате привлечно и шармантно за својата околина, но тоа не ја претставува границата за деловен успех. Постојат спорни моменти во односот со соработниците. Ве привлекува комбинацијата од емотивни, страствени и интелектуални врски, но на лицето кое се наоѓа во ваше друштво нешто му недостасува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП