7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува падот во испораките на компјутери

Продолжува падот во испораките на компјутери

pcss00

Испораките на компјутери во првиот квартал на годината се намалиле за 13%. Ова е најниското ниво од вториот квартал во 2011-та година.

Податоците се на аналитичката компанија „Canalys“. Во вкупната бројка таа смета компјутери, лаптопи, таблети и хибридни модели. Вкупно биле доставени 101 милиони уреди.

Според „Canalys“ најмногу снабдувања имала Apple – 14 милиони примероци, но и најголем пад – 17%. На второ место со само 25.000 испораки помалку е „Lenovo“, која имала голем пад во Кина. Пазарот на таблети исто забележа голема контракција – 15%, така што се доставени под 39 милиони уреди.

Единствениот раст е за хибридните модели. Нивните испораки се зголемиле за 13%.

Полошата вест е прогнозата на „Canalys“. Според главниот аналитичар Тим Коулинг е тешко да се видат знаци на преродба во блиска иднина.

„Бумот на таблетите ги одмина и пазарот целосно созреа. Очекувањата се дека вкупните резерви ќе продолжат да се намалуваат, освен ако производителите не направат кардинална иновација на пазарот. Бројот на луѓето кои оваа година ќе го купат својот прв компјутер, исто така е на историски минимум, што ќе донесе уште проблеми за производителите“, коментира Коулинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП