
„HTC“ продолжува да чувствува се посериозни проблеми со своите финансиски резултати. Компанијата објави дека нејзините приходи за првиот квартал од оваа година се цели 64% помалку во однос на една година порано.


„HTC“ продолжува да чувствува се посериозни проблеми со своите финансиски резултати. Компанијата објави дека нејзините приходи за првиот квартал од оваа година се цели 64% помалку во однос на една година порано.
„HTC“ оствари приходи во износ од 460 милиони долари, а профитот е едвај 60 милиони долари. Тоа е за 78% помалку. Сепак, добрата вест е дека компанијата се уште воа профит, иако и тој брзо се топи.
И покрај лошите резултати, „HTC“ смета дека се уште има добри изгледи пред себе. Компанијата објави дека првичната продажба на новиот смартфон „HTC 10“ е многу добра. „HTC“ дури очекува дека инерцијата на моделот ќе се задржи и тој ќе оствари добра продажба, но не дава приближна бројка што би значела позитивен резултат.
Компанијата додава дека е задоволна и од првичната презентација на системот за виртуелната реалност „HTC Vive“. За него „HTC“ ги има истите очекувања за зачувување и дури подобрување на инерцијата во текот на годината. И двата производа почнаа да се продаваат во вториот квартал од оваа година.
Од „HTC“ додаваат дека ќе продолжи реструктуирањето и отстранување на непотребните оддели и проекти. Покрај тоа, компанијата одвои 100 милиони долари за развој на уште содржини за „Vive“. Извршниот директор на компанијата Шер Ванг смета дека интересот за брендот продолжува да е голем и „HTC“ може да се надева на подобра иднина.