23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот бренд на Volkswagen тргнува со 4 модели

Новиот бренд на Volkswagen тргнува со 4 модели

nov brend 333

Првите два модели на новиот бренд на концернот „Volkswagen“ ќе бидат кросовери кои ќе се појават на пазарот во 2018-та година. Веднаш по нив ќе излезат уште два модела – седан и хечбек.

Развојот на автомобилите е веќе започнат, а во него учествува и кинескиот партнер на најголемиот европски производител – компанијата „FAW“. Токму во нејзината фабрика ќе се составуваат автомобилите.

Засега е познато дека и четирите модели ќе бидат изградени на иста платформа. Ова ќе му овозможи на „Volkswagen“ максимално да ги намали производните трошоци, но и крајната цена на новите производи. Предвидено е таа да се движи помеѓу 8.000 и 11.000 евра.

Во прво време моделите од новата марка ќе се нудат исклучиво на пазарот во Кина. Не е исклучено, сепак во подоцнежна фаза тие да започнат да се извезуваат и во други земји во регионот. Меѓутоа, во Европа и Северна Америка, новиот бренд нема да биде понуден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП