Кинескиот производител на смартфони „Xiaomi“ го претстави најголемиот паметен телефон, некогаш произведен, во лицето на моделот „Xiaomi Mi Max“.
Уредот се одликува со дисплеј од 6.44 инчи, што го прави еден од најголемите смартфони во светот. Фаблетот беше претставен малку по дебито на премиум моделот на компанијата „Xiaomi Mi 5“ кој има 5.2-инчен екран.
Смартфонот, освен со многу голем екран, се одликува и со една од највисоките резолуции на пазарот – QHD (1440 х 2 560 пиксели). Тој е со димензии од 173.1 x 88.3 x 7.5 mm. Неверојатно тенок за својата големина. Телото на уредот е метално, а тежината изнесува само 203 грама. Според производителот тенкото тело на уредот ќе дозволи да биде вклопува во џеб.
Огромниот смартфон ќе биде достапен во три верзии – со 32 GB внатрешна меморија и процесор „Snapdragon 650“, како и 64-гигабајти и 128 GB внатрешна меморија и процесор „Snapdragon 652“. Оперативната меморија е во износ од 3GB за верзиите со 32 и 64 GB, и 4 GB за таа со 128 GB внатрешна меморија. Оперативниот систем „MIUI 8“ и е базирана на „Android“.
Задната камера е 16-мегапикселна, а предната има резолуција од 5 мегапиксели. Батеријата е моќна со капацитет од 4.850 mAh што е логично во предвид на огромниот дисплеј со голема резолуција. Се разбира, има и сензор за отпечатоци.
Цените на новиот модел, достапен во оваа фаза само во Кина, се соодветно 230 долари за верзијата со 32 GB, 260 долари за оваа со 64 GB и 307 долари за верзијата со 128 GB.