20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМАКПЕТРОЛ АД Скопје со позитивни финансиски резултати за првиот квартал од годината

МАКПЕТРОЛ АД Скопје со позитивни финансиски резултати за првиот квартал од годината

makpetrol

Во деловната 2016 година МАКПЕТРОЛ АД Скопје прикажа добивка пред оданочување во висина од 52,4 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 44,2 милиони денари, за разлика од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото има остварено загуба во износ од 206,1 милиони денари што претставува подобрување на финансискиот резултат за 258,5 милиони денари без данок на добивка.

Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 3,52 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 797 милиони денари или 18,4 и.п.

Ваквото намалување на приходите се должи на ефектот од намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година.

Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 3,47 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 994 милиони денари или 22,3 и.п. во што повторно најголем удел има намалувањето на цените на дериватите.

Потребно е да се истакне дека набавната вредност на стоките со коишто тргува Друштвото изнесува 3 милијарди денари во 2016 година и учествува со приближно 85% во искажаните вкупни приходи и расходи и е за 22 и.п. намалена во однос на 2015 г., кога изнесувала 3,8 милијарди денари.

Основни причини за прикажаната добивка се следниве:

  1. Зголемување на остварената продажба на енергенси, особено продажбата на светлите деривати во малопродажбата, со што е зголемен и пазарниот удел на Друштвото. Во првиот квартал од 2016 година, Друштвото успеа да оствари продажба на нафтени деривати и природен гас во висина од 72 024 тони.
  1. Намалени расходи од камати во однос на минатата година за 22 индексни поени поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на Друштвото спрема банките;
  1. Зголемени приходи од камати и курсни разлики во однос на минатата година за четири пати; Намалени трошоци на суровини и други материјали за 84 индексни поени.

Во однос на финансискиот резултат прикажан според принципот на ЕБИТДА, „Макпетрол“ АД Скопје прикажа добивка во висина од 134,3 милиони денари што е прикажана во следнава табела, за разлика од минатата година кога за истиот извештаен период, Друштвото има остварено загуба во износ од 114,7 милиони денари што претставува подобрување на финансискиот резултат за 249 милиони денари, без данокот на добивка.

mak

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП