7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp подготвува голем новитет за своите корисници

WhatsApp подготвува голем новитет за своите корисници

whatsapp

„WhatsApp“ го започна својот живот како апликација за допишување на паметните телефони, па така ја оствари најголемата популарност. Меѓутоа, минатата година беше пуштена и интернет (веб) верзија која не донесе премногу ново, затоа што беше тесно поврзана за смартфоните. Сепак, наскоро работите би требало да се променат.

Имено, дека во „WhatsApp“ се работи на десктоп верзија сугерираат и фотографиите кои се појавија на интернет и се проширија многу бргу.

На нив можеше да се забележат делови со превод на текст од десктоп апликацијата на различни јазици. Ова нормално не е службен доказ дека десктоп верзијата ќе „заживее“, но сигурно е најава во кој правец се развива овој популарен сервис за допишување.

Оваа апликација се стекна со голема популарност во изминативе години. Многу од нив имаат и десктоп верзија, што значи дека корисницте можат да ја користат без оглед на смартфонот.

„WhatsApp“ во последно време даваше сигнали дека би можеле да одат во таа насока, но и дека тоа не е сторено поради нивната грижа за безбедноста, т.е. енркипцијата на пораките кои се испраќаат преку нивната апликација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП