6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците и натаму најзадоволни од таблетите на Apple

Корисниците и натаму најзадоволни од таблетите на Apple

tableti rast 0

„Apple“ и „Microsoft“ се натпреваруваат во широк спектар на производи, но гигантот од Ричмонд во споследно време значително се подобро кога станува збор за таблетите.

Сепак, спроведената студија која се нарекува „J.D. Power Tablet Satisfaction Study“, покажа дека „Apple“ и натаму е на врвот на оваа листа и покрај значајниот раст кој го забележа „Microsoft“.

„Apple“ оствари резултат од 830 поени (oд можни 1000), додека „Microsoft“ е на второто место со 829 бода. Oва значи дека „Microsoft“ во оваа важна категорија има само еден поен заостанување, иако пред неколку години никој не им даваше никакви шанси. На трето место се наоѓа „Samsung“, а на четврто е „Amazon“.

Студијата проценуваше пет различни категории, како што се перформансите, леснотијата при користење, функцијата, стилот и дизајно, како и цената. Без сомневање, растот на „Microsoft“ e базиран на еволуцијата на „Surface“ линијата на производи.

abs4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП