17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо јуни на нашиот камп, од август во Барселона

Во јуни на нашиот камп, од август во Барселона

bbb

Да се дружите со деца, заедно да тренирате и со своето искуство да помогнете тие во иднина да прераснат во добри спортисти е уникатно задоволство кое може да се почуствува на кампот.

„Ќе дојдам сигурно на ден-два…“ – со оваа реченица пред една година му го потврди своето присуство „министерот“ за одбрана, Борко Ристовски,  на својот цимер од репрезентативниот дрес.

Само по неколку часа поминати во „базата“ во хотелот Аквалина во Охрид, беше јасно дека идниот член на најголемото спортско семејство на планетата, шпанска Барселона, ќе го продолжи својот престој на ракометниот камп на најдобриот десен бек во светот на ракометот, Кирил Лазаров.

Едноставно беше убаво да се види како во текот на целиот камп Борко несебично го делеше своето знаење со учесниците на кампот, а се разбира најмногу време поминуваше со голманите.

На наше големо задоволство сакаме да го најавиме неговото присуство на вториот по ред Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, овој пат со најава за подолг престој на истиот, изјавија организаторите од КМГ Спорт.

„Мислам дека вака квалитетно и добро организирани кампови и требаат на Македонија. Да се дружите со деца, заедно да тренирате и со своето искуство да помогнете тие во иднина да прераснат во добри спортисти, а дел од нив и да го носат дресот на репрезентацијата е уникатно задоволство кое може да се почуствува на кампот. Јас минатото лето го имав тоа задоволство активно да учествувам во кампот и морам да признаам дека беше многу забавно. Оваа година повторно ќе бидам  таму и ќе уживам во друштво на децата со кои заедно ќе работиме, дружиме и одмараме покрај брегот на охридското езеро“ –  го потврди своето присуство репрезентативниот чувар на мрежата, Борко Ристовски.

baa

Кој е Борко Ристовски?

33 – годишниот репрезентативец на Македонија е роден во Скопје, а своите први ракометни чекори ги направи во матичниот Работнички. Во годините на негов ракометен развој настапуваше за повеќе македонски екипи и тоа: Југ, РК Македонија, Металург и Вардар Ватростална.

Интернационалната кариера ја стартуваше во шпански Алгесирас од каде премина во Теукро за повторно да се врати во Металург. Германската бундеслига првпат ја „почуствува“ настапувајќи за славниот Гумерсбах, каде се задржа две години од 2012 до 2014 година.

Оваа година од француски Кретеј премина во идниот шампион на Германија, Реин Некар Ловен, за од пред неколку дена да стане вториот македонец во најуспешниот ракометен колектив во историјата, актуелниот европски шампион, Барселона.

За националниот дрес до сега одигра 118 натпревари, промовираќи се себеси во еден од лидерите на најуспешната македонска национална селекција, која изминативе десетина години е присутна на сите големи натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП