2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.05.2016

Дневен хороскоп 09.05.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Веќе со денови чувствувате замор, што се одразува на вашите работни навики. Прашајте некој колега за помош, ќе се изненадите од неговата подготвеност да ви излезе во пресрет. Само не заборавајте да се заблагодарите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Од некоја причина, ви се чини дека деловните соработници денес го игнорираат секој ваш предлог. Обидете се да ги претставите работите на малку покреативен начин. Саканото лице би можело денес да ви се налути без никаква причина.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Внимавајте на кого му се доверувате за работата. Не се сите толку добронамерни како што се претставуваат. Погрешно сфатените кометари можат да ви нанесат голема штета. Ви се чини дека никогаш не сте биле во подобри односи со партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не ви цветаат ружи, но немате храброст да си заминете поради лошата финансиска ситуација. Стрпете се уште некое време, додека не ви се укаже подобра прилика. Партнерот не разбира која игра ја играте.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе бидете нервозни и особено непријатни кон лицата кои не ви се омилени. Сепак, денес ви следи и особено важна деловна средба која ќе ви отвори многу врати. Искористете ја. Однесувањето на вашиот партнер не ви се допаѓа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е добар ден за сите деловни разговори. Имате сјајна комуникација со колегите, а со надредените особено. Ако планирате да барате зголемување на платата, денес е вистински ден за нешто такво.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Заинтересирани сте за некои современи идеи и се обидувате да се ослободите од напорните обврски. Внимателно анализирајте ги своите соработници, некој ви дава одличен пример за успешното работење. Прифатете го корисниот совет.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Тешко ви е да се организирате кога соработниците постојано ви попречуваат во различните барања. Важно ви е да остварите согласност околу заедничките интереси, но деловната ситуација се комплицира, иако тоа не е вашата желба.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Користите строги критериуми за максимално да ги заштитите своите интереси во деловно-финансиските преговори. Не треба да се однесувате премногу строго кон лицето кое има добра намера, но не успева да ви прикаже се што би сакале да слушнете или видите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во деловниот дијалог постојат работи кои не треба да ги правите во афект или врз основа на првиот импулс. Некој од соработниците внимателно го анализира вашето однесување и ви донесува оценка во вкупните резултати. Соработката е нужна за понатамошна афирмација.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Понекогаш се станува релативно и подложно на ненадејни промени, затоа немојте да донесувате заклучок без консултација со блиските соработници. Избегнувајте ја варијантата „се или ништо“ и различните предизвици кои можат да ви наштетат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате добра намера, но постојат ненадејни околности кои ве попречуваат да ги остварите своите деловни планови. Подобро е да се запрете во некој критичен момент кога ситуацијата започнува да се комплицира отколку да ризикувате во деловните преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП