7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТим на вработени во Телеком трчаа на Скопски маратон за лицата заболени...

Тим на вработени во Телеком трчаа на Скопски маратон за лицата заболени од ретката болест Вилсон

bbb

Тим на вработени во Македонски Телеком денеска учествуваа и успешно ја завршија трката на Скопскиот маратон. Традиционално нивното учество на Скопскиот маратон, инаку трето по ред, имаше хуманитарен карактер и овогодинешната трка маратонците од Тим Телеком ја посветија на борбата против ретките заболувања. Обезбедена  е донација во висина од од 5.000 евра кои што се наменети за помош на Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон Македонија.

Средствата од донацијата, Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон Македонија ќе ја искористат за обезбедување на реагенси за генетски испитувања на оваа болест, коишто се вршат во МАНУ. Донацијата на Македонски Телеком, која што доаѓа од самите вработени, има големо значење за Здружението затоа што со набавкта на реагансите навремено ќе се открива ретката болест Вилсон, давајќи на тој начин придонес во намалувањето на фатални случаи. Навременото дијагностицирање, ќе им овозможи на лицата заболени од ова ретко генетско заболување да водат нормален и здрав живот преку соодветна терапија и диететска исхрана.

baa

Според Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон Македонија, во нашата држава има регистрирано околу 20 лица заболени од ова ретко генетско заболување. На светско ниво, болеста  се појавува кај 1 на 30.000 жители. Инаку, болеста Вилсон е генетско заболување коешто се карактеризира со неможност на организмот да го исфрли вишокот на бакар кој се таложи во органите на човекот и болеста може да биде фатална, доколку не се открие навреме и не се обезбеди соодветна терапија за лекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП