2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati го откри Gibil

Maserati го откри Gibil

2014-Maserati-Ghibli-sedan-front-three-quarters-view

„Maserati“ ги објави првите фотографии како и техничките детали за новата луксузна лимузина, моделот „Ghibli“.

„Ghibli“ е замислен како помала верзија на моделот „Quattroporte“ кој имаше презентација на почетокот од годината.

Иако новата лимузина на „Maserati“ е со четири врати во својата силуета потсетува на „Quattroporte“, освен по димензиите двата модели исто така се разликуваат и во стилските детали.

chibli1

Најголемата разлика е во дизајнот на предниот и задниот дел од автомобилот. „Ghibli“ има нагласени фарови и истакната маска на ладилникот што на овој автомобил му дава спортски и динамичен изглед. Во однос на „Quattroporte“ долниот дел од браникот и широкиот отвор за воздух имаат едноставен облик.

Различни се и стоп-светлата, како и обликот на издувните цевки (кај „Ghibli“ се округли, а кај „Quattroporte“ се трапезоидни), a „Ghibli“ има и едноставен дизајн на поклопецот на багажникот.

Прелиминарните информации за погонските агрегати говорат дека во понудата ќе бидат две верзии од 3.0 литарски V6 турбо-бензинец, а за првпат во историјата на „Maserati“ еден автомобил од оваа марка ќе биде придвижуван од дизел мотор и тоа исто така со 3.0. литарски V6 турбо.

chibli2

Сите мотори ќе бидат поврзани со осумбрзински автоматски менувач, додека снагата стандардно ќе се пренесува на задните тркала. Како опција ќе биде достапен и „Q4“ погон на сите четири тркала.

Повеќе технички детали за моторите и преформансите на автомобилот можеме да очекуваме по официјалната премиера на моделот „Ghibli“ која е закажана за саемото во Шангај од 21-ви до 29-ти април.

Во „Maserati“ велат дека „Ghibli“ ќе биде важен модел за оставарање на доголорочната цел на овој производител, а тоа е неговата продажба да достигне 50.000 автомобили.

chibli3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП