3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако BMW ја замислува иднината на автомобилите? (фото)

Како BMW ја замислува иднината на автомобилите? (фото)

idnbmw

Германскиот производител неодамна по повод стогодишнината од своето постоење го претстави футуристичкиот концепт „Vision Next 100“. Пред азиската презентација, која ќе се случи во Пекинг, „BMW“ излезе во јавноста со нови фотографии од ова возило.

idnbmw1

„Vision Next 100“ e aвтомобил со 4 врати, дизајниран по влијание на хибридниот спортски модел „i8“. Oпределувајќи се возилото на иднината да има каросерија на лимузина, „BMW“ испраќа порака дека овој вид на автомобили и натаму ќе претставуваат основа на гамата на баварскиот производител, иако „SUV“/кросовер и „MPV“ возилата се повеќе го превземаат приматот на пазарот.

idnbmw2

Концептот е долг 4.900 mm, што според големината е во ранг со актуелниот „BMW Serieѕ 5“. Меѓутоа, со висина од 1.370 mm концептот е доста понизок од „петката“, и повеќе е сколон кон купе лимузините, како „Serieѕ 6 Grand Coupe“. „BMW“ ги отстрани централните покривни носачи, па пристапот во патничката кабина е значително олеснет, додека и предната и задната врата се отвораат нагоре.

idnbmw3

Од компанијата велат дека внатрешноста е изработена исклучиво од рециклирани материјали.

idnbmw4

„Vision Next 100“ може да се вози на два начини: „Boost“ режимот подразбира дека возачот има целосна контрола над автомобилот, додека со „Ease“ возилото го управува авто-пилот.

idnbmw8

Германскиот производител ја памети својата историја, но погледите ги насочува кон иднината, што го покажа со овој концепт кој претставува најава за следните 100 години на компанијата.

idnbmw6

Во рамките на прославата на 100-тиот роденден на компанијата, „BMW“ ќе претстави уште три концепти во 2016-та. Првиот е „Rolls-Royce Grand Sanctuary“, чија премиера е закажана за јуни, а до крајот на годината ќе следат концепти и на други два брендови кои се дел од групацијата („MINI“ и „BMW Motorrad“).

idnbmw7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП