Ако не ја искористивте можноста бесплатно да преминете на „Windows 10“ од некоја од претходните верзии, редно време е, велат од „Microsoft“.
Од кога се појави, „Windows 10“ e понуден на корисниците на „Windows 7“ и „8“ целосно бесплатно како надоградба, сепак малку поагресивно затоа што известувањето се појавува во вид на „pop-up“ прозорец и тоа многу често. Оваа необична одлука на „Microsoft“ придонесе за голема база на корисници која сега брои 300 милиони. Но, наскоро оваа понуда ќе биде исклучена и „Windows 10“ ќе мора да се купи.
Почнувајќи од 29-ти јули, сите кои не ја искористиле можноста за бесплатно превземање на „Windows 10“, а сакаат да преминат на овој оперативен систем, ќе мораат да платат 120 евра за купување на истиот.
„Windows 10“ засега се покажа како добар оперативен систем, а полека станува задолжителен за се поголем број на игри кои добиваат „PC“ издание, како што е „Killer Instinct“ која е ексклузивна за „десетката“.