17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекогаш дел од Источниот блок, сега најдобри во ЕУ

Некогаш дел од Источниот блок, сега најдобри во ЕУ

praha 333

Во Чешка за прв пат од осамостојувањето во 1993-та година работа и приходи имаат пет милиони луѓе во земја со повеќе од 10 милиони жители.

Истовремено, невработеноста според методите на „Евростат“, токму во Чешка е најмала во целата Европска унија, објави чешкиот Завод за статистика.

Во март стапката на невработеност меѓу работно продуктивното население падна на 4,1 отсто, меѓу мажите дури и на 3,5 проценти, а вработени биле 5.004.000 луѓе, што е веќе четврти месец по ред со рекордна вработеност.

Уште на крајот на минатата година вработеноста во Чешка се врати на нивото од пред светската економска криза во 2008-ма година.

Стапката на вработеност во категоријата од 15 до 64 години старост достигна за цел прв квартал 71 отсто, а повеќето – 82 проценти ги сочинуваат вработените, додека останатите се претприемачи.

Чешката економија има се поголем проблем да најде работници да произведуваат и испорачаат нарачана стока, а Министерството за надворешни работи испрати „засилување“ во конзултатите во Украина со цел да го поедностави и забрза процесот за одобрување на виза на Украинците на кои најмногу сметаат чешките компании со цел да се пополнат десетина илјади работни места.

Иако проблемот со работниците за слободните работни места се заострува од месец во месец, чешките компании и владата не сметаат дека би можело да ги поплнат со бегалците или мигрантите од Блискиот исток и Африка, туку дефицитарните работници се бараат во Украина, Виетнам и Монголија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП