28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва досега не сте го виделе: 3D смартфон кој може да се...

Ова досега не сте го виделе: 3D смартфон кој може да се свитка како хартија (видео)

triholoflex

Научници од Универзитетот „Квинс“ направиле паметен телефон „HoloFlex“ кој има флексибилно куќиште и холографски екран. Тоа значи дека телефонот може да се превитка, како и дека екранот е во состојба да прикажува „3D“ објекти.

„3D“ приказите функционираат со помош на екран кој има слој од мали леќи кои ја растеруваат светлината во различни насоки. Тоа значи дека личноста може во исто време да гледа „3D“ слика без потреба да носи очила.

Виткањето на телефонот исто така се користи за интеракција со тоа што се прикажува на екранот, што е нов начин на користење на уредите.

Меѓутоа, овој телефон има голема маана. Иако екранот е со „Full HD“ резолуција, кога сликата ќе мине низ споменатите леќи се добива резолуција на сликата од само 160 x 140 пиксели, што е навистина лошо, па графиката изгледа како да е од 90-тите години.

Засега не е познато како би можело овој проблем да се реши, како и дали овој уред ќе се појави на пазарот.

Погледнете го видеото за овој интересен телефон:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП