24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦукерберг очекува зголемување на корисниците

Цукерберг очекува зголемување на корисниците

mark_zuckerberg_hd_wallpapers_images

Извршниот директор на „Facebook“ Марк Цукерберг изјавил дека целта на оваа друштвена мрежа е да го зголеми бројот на корисници од сегашните една милијарда на три до пет милијарди. Тој наведува дека за остварување на оваа цел очекуваат помош од новата апликација „Facebook Home“.

Цукерберг истакнува дека новата апликација е направена се со цел да завзема важно место во животот на корисниците на паметните телефони и дека луѓето ги става пред програмата.

„Според нашите податоци луѓето поминуваат околу 23 проценти од времето на интернет користејќи ја мобилната технологија“, рекол Цукерберг напоменувајќи дека експертите од „Facebook“ работеле напорно во последните 18 месеци за да направат најдобар производ кој ќе им помогне да го зголемат бројот на корисници на нивната друштвена мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП